Дома » Во медиуми
Во медиуми
Европски клупски куп на шампиони во Скопје 2021
За време на Европското шаховско првенство во Батуми, Грузија 2019, беше одржан состанок на комисијата на ECU за шаховски наптревари. На состанокот акламативно е донесена одлука за Европскиот куп на клупски шампиони во 2021 да се одржи во Скопје. Потсетуваме Претседател на комисијатата (https://www.europechess.org/commissions/events-commission/) e Претседателот на ШФМ, Благоја Богоевски.
Државно првенство 2019
Првенството на Северна Македонија се одржа од 20 до 28 Мај 2019, во Скопје, во хотел Континентал.
Шампион за 2019 година е Велемајсторот Кирил Георгиев со освоени 8,5 поени од 9 партии. Од останатите учесници најдобра игра прикажаа, а со тоа се стекнаа и со директно право на учество за наредната 2020 година ИМ Филип Панчевски и ВМ Звонко Станојоски.
Сите поединости за турнирот може да ги видите и на следниот линк http://chess-results.com/tnr439859.aspx?lan=21&art=1&turdet=YES
На следниот линк е табелата: Првенство на Северна Македонија за 2019 конечна табела.
Квалификации за Екипното првенство на Северна Македонија за 2019 година
Во квалификациите за Екипното првенство на Македонија за 2019 година имаат право да настапат регистрирани екипи во ШФМ за 2019 година со Решение за вршење дејност спорт од Агенцијата за млади и спорт, кои ќе го пријават своето учество најдоцна до 26 април (петок) 2019 година.
ПРВЕНСТВА НА Северна МАКЕДОНИЈА за млади за 2019 година (за девојчиња и момчиња до 08,10,12,14,16 и 18 години)
Првенствата на Македонија за млади до 08,10,12,14 и 16 ќе се одржат од 26 април-01 мај 2019 година, во хотел „Дрим“ во Струга.
2019 хотел ДРИМ_Распис за Првенствата на Македонија за млади
Гостување на Претседателот Богоевски во 1ТВ
Во пресрет на отворањето на Европскиот Шампионат во Индивидуален Шах, Претседателот на Шаховската Федерација Благоја Богоевски одржа ТВ интервју. Повеќе на следниот линк:
Европско првенство во шах во Македонија – разговор во Студио 1