Заврши Светскиот 61-от Конгрес на Шаховска композиција

Повеќе во следниот прилог на Нова Македонија:

Успех на македонските составувачи на шаховски проблеми на турнирите во Охрид

Прилог на Нова Македонија

На следниот линк прочитајте повеќе за шахот во Македонија и претстојните настани на ШФМ:

Карпов ќе игра симултанка в година во Скопје?

 

XXVII Team Championship of Macedonia

Уште една титула за Алкалоид

Алкалоид од Скопје повторно ја оправда улогата на фаворит и ја одбрани титулата. Но, не беше се така лесно како што покажува завршната табела.

Натпреварот со Гамбит Ассеко СЕЕ беше посебно интересен и заврши со нерешен резултат.Се истакна Орце Данчевски со победата против украинскиот велемајстор Јуриј Криворучко.

Внимание со својот успешен настап привлече младата екипа на МШК Центар составена од шахисти до 18 години.

Победничкиот пехар го врачи Директорот на Агенцијата за млади и спорт, г-дин Дарко Каевски.

 

Конечна табела:

Сите резултати,состави на екипите,одиграни партии,фотографии и статистички податоци можеа да се следат на следниот линк.
http://chess-results.com/tnr371235.aspx?lan=1

ФИДЕ ТРЕНЕРИ СЕМИНАР Охрид, 02-03.09.2018.

Шаховската Федерација на Македонија во соработка со Шаховскиот Клуб Гамбит Ассеко Сее организира СЕМИНАР за ФИДЕ ТРЕНЕРИ во периодот од 02. до 03. септември 2018 во хотел Метропол, Охрид.

Време траењето на семинарот е 15 часовиво кој е вклучен и завршниот испит.

Распоредот на предавање е следниот:  Предавач на семинарот е ФИДЕ СЕНИОР ТРЕНЕР и Шаховски Велемајстор Georg Mohr (Словенија). Предавањата ќе бидат на српски јазик.

 

 

Котизацијата за семинарот изнесува 100 ЕУР во денарска противредност 6200 денари, за сите учесници на семинарот.

Износот може да се плати во готово или на сметка на Шаховскиот Клуб Гамбит Ассеко Сее,

жиро сметка:300-0000022589-72 

депонент: Комерцијална Банка

При пријавувањето треба да се пополни формуларот (FTS-MKD 2018-ID Card FTS-MKD 2018-ID Card.doc) со слика и кратка биографија и да се достави на eмаил: zorans@asseco-see.mk.

Линк за семинарот на сајт ФИДЕ е следниот

http://fide.com/component/content/article/15-chess-news/11106-fide-trainers-seminar-in-ohrid-fyrom.html

Контакт за сите информации како и можностите за сместување, можете да ги добиете кај Зоран Стојчевски
(070/247-247, zorans@asseco-see.mk). Прашања до предавачот можете да поставите на e-mail georg.mohr1965@gmail.com .

Линк до соопштението. https://chessmkd.mk/wp-content/uploads/2018/08/FTS-MKD-2018-ID-Card.doc

Претседател на ШФМ
Благоја Богоевски

 

 

70-годишнина на Шаховската Федерација на Македонија

Пред 70 години, на денешен ден – 19.08.1948 основан е Шаховскиот Сојуз на Македонија, денес Шаховска Федерација на Македонија. За Претседател бил избран Блаже Конески, вљубеник во шахот, а во исто време вонсериски лингвист, славист, прозаист, есеист, публицист, литературен историчар, протагонист во процесот на кодификацијата на македонскиот јазик и втемелувач на македонистиката.

Информации и резултати-XXVII Екипен Шампионат на Македонија за 2018 година

Почитувани,

Информации и резултати од XXVII Екипен Шампионат на Македонија за 2018 година  може да следите на следниот линк

Поздрав,
Иван Кочовски

XXVII Екипен Шампионат на Македонија за 2018 година

Екипното првенство на Македонија ќе се одржи од 11-17 август 2018 година, во хотел „Дрим“ во Струга.Право на настап имаат екипите на Алкалоид (Скопје), Гамбит Ассеко-Сее (Скопје), Гостивар (Гостивар), Прилеп (Прилеп), Карпош (Скопје), 4-ти Ноември (Битола), БМ Кисела Вода (Скопје) и МШК Центар (Скопје).Во предвидениот термин пријавени се пошироките состави на екипите. Мечевите се играат на 6(шест) табли со 4(четири) резерви.

Темпо на игра е 90 минути за 40 потези и 30 минути до крајот на партијата, по играч, со додаток од 30 секунди за секој потег, почнувајќи од првиот. Партиите се играат секој ден од 16,30 часот, освен последното коло кое започнува во 10,00 часот.

На следниот линк може да ги видите проширените состави на екипите:

Проширени состави.

 

Поважни линкови


Спонзори: